-Од Брисел добивме потврда дека 24.300 дози вакцини на Фајзер ќе пристигнат на 23 март, изјави Тегелтија за сараевски весник Аваз.

Претходно, Советот на министри вети дека првите дози на вакцини ќе пристигнат преку КОВАКС во средината на февруари, но тоа не се случи.

БиХ сѐ уште го чека пристигнувањето на 108.000 дози вакцини од АстраЗенека.

Досега, само 10.000 дози на АстраЗенека пристигнаа во Федерацијата на БиХ (ФБиХ) преку донација од Србија