Според извештајот на комисијата за економија за Европа Економската комисија за Европа при Обединетите нации, во 2020 година имало над 550 баратели на азил на 100 илјади жители за Албанија, што е значително зголемување на трендот во споредба со 2015 година кога тој показател бил околу 350 на 100 илјади жители.

Зад Албанија е Турција која има зголемување на граѓани кои ја напуштаат земјата во однос на вкупното население, но и покрај сличниот тренд, Турција има само 100 бегалци на 100.000 жители.

-Овој извешрај е подготвен од УНХЦР и Агенцијата за бегалци на ООН и во него се користат податоци за нивото на бегалци кои рутински ги собираше УНХЦР преку годишниот преглед на статистика на население (ПСР), вклучувајќи податоци од административни системи за азил и бази на податоци за регистрација на бегалци, наведува весникот Монитор.

Според истиот извор извештајот на Обединетите нации забележува дека трендот во другите земји во регионот е сосема спротивен. Значителен пад забележан е во Хрватска, Србија и Косово. Претходно и Европската канцеларија за азил (ЕАСО) потврди дека Албанија лани била прва во Европа и втора во светот по бројот на баратели на азил во ЕУ.