Милијардерот Бил Гејтс предупреди дека сè уште постои „многу поголема веројатност од пет проценти“ дека светот сè уште не го доживеал најлошото од пандемијата на коронавирусот.

Сопственикот на Мајкрософт за Фајненшл тајмс. рече дека не сака да звучи „драматично“, но дека постои ризик да се создадат „побрзо преносливи“ и „пофатални“ варијанта на вирусот.

Гејтс утре ќе ја објави својата нова книга насловена „Како да се спречи следната пандемија“, во која ги советува владите ширум светот да инвестираат во тим од епидемиолози и компјутерски инженери за да помогнат во идентификувањето на глобалните здравствени закани во иднина.