Бизнисменот и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, пред неколку дена беше во Давос, на Светскиот економски форум, каде порача дека „супербогатите треба да плаќаат повисоки даноци“.

Повеќето учесници на форумот се согласија со него.

Со други зборови, „оние кои имаат најмногу – треба да бидат подарежливи“, смета Американецот.

Повеќе од 250 богати луѓе потпишаа отворено писмо кое се однесува на зголемување на даноците за богатите.

Меѓутоа, не се работи само за поединци, туку и за нации. Гејтс смета дека богатите, развиени земји треба повеќе да им помагаат на ранливите нации, а во овој контекст – најмногу се зборува за храна, образование, катастрофи и климатски промени.

Исто така, Гејтс смета дека клучен начин за борба против климатските промени е да се подобри пристапот до здравствена заштита во земјите во развој, што е област во која тој многу инвестира, а која – вели тој – владите ја запоставуваат.

„Глобалното здравје е (малку) надвор од радарот во моментов“, рече тој во неодамнешното интервју за Блумберг, додавајќи: „Во следните десет години, кога парите ќе бидат толку ограничени, ако сакате да се грижите за влијанието врз климата – здравствените трошоци треба да растат, а не да се намалуваат“.

На темата се осврна и Абигејл Дизни, внуката на Рој О.

Таа, исто така, делумно ги обвини најбогатите 1% за придонес кон климатските промени, поради нивните „приватни авиони, суперјахти, хеликоптери и приватни вселенски ракети“.