Двојно убиство се случи попладнево во тетовското село Челопек.
Напаѓачот, 60 годишно лице е истотака од Челопек е повреден и е пренесен во Клиничката болница Тетово.
Од СВР Тетово велат дека полициски службеници денеска го лишиле од слобода лицето И.И., на возраст од 60тина години, за кого во 14:10 часот било пријавено дека со огнено оружје пукал кон свои роднини, исто така жители на Челопек.
Покрај убиените и повредениот и осомничен за убиствата, повредено е уште едно лице во денешниот оружен инцидент во тетовското село Челопек.
Наводно, убиецот и убиените биле во роднински врски.