Билети за македонските навивачи по цена од 1000 денари
Фудбалската репрезентација на Македонија на 29 мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина, соопштија фудбалските федерации.
Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина обезбедила влезници за македонските навивачи по цена од 1000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ – стоење, на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево.
Билетите за навивачите на Македонија се достапни за купување преку веб платформата на ФФМ: eticket.ffm.mk.
