Само со оригинален пристап може да се тргне напред. Политичкиот анлитичар, проф. Мерсел Биљали во изјава за Лидер вели дека од новиот претседател на СДСМ се очекува да дејствува крајно професионално. Не верува дека идниот Премиер ќе бде само “маша“ на поранешниот и вели од старт не треба да се сомневаме за делувањата на Ковачевски.

ЛИДЕР: Дали изборот на Ковачевски за претседател на СДСМ ќе донесе нови лидерски политики на обединување и јакнење на партијата, или неговиот избор е само продолжување на политиките на Зоран Заев?

Koлку јас ги следам неговите јавни настапи, тој се очекува да дејствува крајно професионално, одговорно и автономно. Тој е сосема свесен дека само со оригинален свој пристап е можно да се тргне напред.
Многумина очекуваат дека идниот премиер силно ќе инсистира на професионализам, отчетност и одговорност.
Не верувам во тезите кои се искажуваат од одделни поединци дека идниот премиер ќе биде само маша во рацете на поранешниот премиер.
Претпоставувам дека тоа не е логично, оти да сакаше Заев, без проблеми ќе можел да продолжи и понатаму да биде премиер! Тој добро знае дека на новиот премиер му е потребна автономност во креирањето на политиките, било во рамките на партијата било во ниво на владата. Досегашните јавно дадените изјави на Ковaчевски се во насока дека ќе работи екипно, одговорно, чесно и професионално, и дека ќе користи услуги на врвни експерти од разните области. Ако тоа се реализира, тогаш нема причина да се посомневаме од старт што за жал е дел од нашиот ментален склоп. И на крај краева секој човек во себе природно си носи свое оригиналност, вели Биљали за Лидер.

На вчерашните внатрепартиски избори во СДСМ, Ковачевски освои убедливо мнозинство гласови. Од вкупно 44 406 членови што излегле на гласање, за него заокружиле 37 649. Фросина Ременски, која е поранешна потпретседателка на партијата, освои 2 836, а за Јован Деспотовски, актуелниот в.д директор на Дирекцијата ТИРЗ, гласале 3 319 сопартијци. Неважечки биле 602 ливчиња.