Германската компанија BioNTech ќе аплицира за одобрување на вакцината против коронавирус, која ја развиле заедно со американскиот фармацевтски гигант Pfizer, за употреба кај деца на возраст од 5 до 11 години.
Ова го најави извршниот директор Озлем Туречи.
„Во текот на следните недели, до властите ширум светот ќе ги доставиме резултатите од нашето истражување за деца на возраст од 5 до 11 години и ќе аплицираме за одобрување на оваа вакцина за оваа возрасна група и овде во Европа“, рече денеска Туречи за списанието „Шпигел“.
Тој рече дека компанијата, со седиште во Мајнц, Западна Германија, започнала да се подготвува за производство на вакцината за деца, која е иста како и за возрасните, но ќе се дава во помали дози.
BioNTech во моментов ги проценува податоците за помалите деца, на возраст од шест месеци и повеќе, а резултатите ќе бидат презентирани до крајот на годината.