Евидентна борба за преземање на филмскиот сектор се случува деновиве во Македонија. Од една страна се заменик министерката за правда Викторија Авровска Мадиќ, министерката за Култура Бисера Костадиновска Сточевска и режисерот Милчо Манчевски а од друга страна е директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски.
Сведочиме на бројни меѓусебни обвинубања, препукувања и „пресметки“ во кои се вмешани и други институции, а целта е само една – првите тројца да стигнат до парите наменети за снимање на филмови.
Го сркна ли кајмакот Милчо Манчевски?
Невољите за директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски започнаа во моментот кога одлучи да покрене постапка за малверзациите на режисерот Милчо Манчевски. Имено, во моментов се води постапка пред судовите против Милчо Манчевски затоа што не доставил извештај како потрошил цели 950.000 евра од агенцијата за филм. Сметките му се блокирани, а остануваат блокирани и се води судска постапка за парите.
Манчевски сепак важи за навистина моќен човек, па веднаш одлучи да се пресмета со Лазаревски создавајќи цела коалиција против него која имаше за цел разрешување на директорот на агенција за филм. Главен соборец во коалицијата му е заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која е сопруга на негов близок соработник. Зад него застана и министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, која пак се обиде да му ги стопира средствата на Лазаревски.
Оваа влијателна Социјалдемократска тројка ја има и поддршката од ДКСК, од каде наместо да побараат отчет за потрошените пари од Манчевски, му отворија постапка на Лазаревски и предложија негова смена.
Дали можеби и Лазаревски направил проневери, на редакцијата не и е познато, но, тој во изјава за медиумите демантираше дека запослувал партиски луѓе кои не доаѓале на работа.
-Ние не вработуваме ова не е приватна фирма па јас кога сакам да вработам некого. Зошто не сум имал вработувања редовно. Прво затоа што четворица си дале отказ од оваа институција. Второ во 2021 и 2022 ние сме поднеле барање до надлежните институции за редовно вработување на луѓе во институцијата, но не сме добиле позитивен одговор, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенција за филм.
Според Лазаревски дискутабилно е коментирањето на извештај на Државниот завод за ревизија и вадење од контекст на препораки дадени во истиот извештај во услови кога Агенцијата за филм во целост постапила по препораките кои ги дал Државниот завод за ревизија, и тоа во Законски предвидениот рок од 90 дена, за што се известени и Заводот за ревизија и Владата.
-Да има било што со факти изнесено јас немам никаков проблем да го коментирам со било кој дали со ДКСК, дали со Влада, дали со Министерство за култура, но овде разговараме за тотално нејасни работи, вели Лазаревски.
Лазаревски исто така ги демантира тврдењата на ДКСК дека на филмскиот фестивал во Кан ја носел сопруга на државен трошок, а изнајмил и рента кар, додека службеното возило го употребува за приватни цели.
-Јас во Кан не сум престојувал. Јас сум престојувал 15 километри од Кан затоа што хотелското сместување во Кан чини два пати или три пати повеќе од таму каде што јас сум се сместувал. Ниту едно евро не е потрошено за било кој мој близок, сопруга или било кој член од семејството, рече Лазаревски.
Лазаревски политички преживеа, што ќе биде со Мандиќ и Костадиновска?
Факт е дека на завчерашната седница на владата му беше изгласана доверба на Бојан Лазаревски, па двете влијателни социјалдемократки останаа без успешен проект заедно со својот патрон Манчевски. Имено, уште минатиот месец кога Бисера Костадиновска Стојчевска сакаше да му ги стопира парите за Агенцијата за филм, најголем дел од филмските работници (независно од нивната партиска и политичка припадност), застанаа зад директорот со прогласот во кој се потпишаа сите.
Лазаревски не е дел од филмскиот сектор, туку е експерт по финансии, негов најголем успех е тоа што го диспрерзираше фондот кој наместо како порано (кога пари за филмови добиваа само Манчевски и уште три-четворица), пари дадва на преку дваесетина режисери. Исто така, македонските филмови добиваат бројни награди од различни фестивали. Се снима, снимаат сите и токму затоа дојде голема поддршка за Лазаревски.
Мадиќ од друга страна, важи за контроверзна фигура уште од времето кога беше генерален секретар на Град Скопје, во времето на Петре Шилегов, каде до ден денешен има многу нерасветлени случаи. Во последно време, нејзино дело се измените на кривичниот законик со кој злоупотребата на службената положба се тргна како кривично детло. Таа од внатре преку СДСМ го поддржа Манчевски заедно со Костадиновска, која исто така важи за крајно неомилена во својата партија.
Останува да видиме како овој пуч ќе се одрази на двете социјалдемократки? Кои освен што го навлекоа гневот на филмските работници, ќе треба да одговорат и што се договорија со Милчо Манчевски?