„Основната идеја за постоењето на регулаторот е да биде браник од високите очекувања на природните монополите, преку методологиите кои ги применува за да осигура висока заштита на потрошувачите. Вработените, кои што се врвни професионалци со интегритет – се сржта на оваа институција и затоа сите иницијативи, мерки и одлуки кои се преземаат од нас се со единствена цел – да се заштитат потрошувачите и да се обезбеди функционирање на виталните инфраструктурни енергетски системите кои се и стратешки“, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Тој се осврна и на енергетските транзиции.

„Енергетските предизвици низ последниве години имаа драматичен развој. Бевме соочени со реална можност за ескалација и рестрикции поради геополитичките случувања – сепак проактивноста од наша страна ја позиционираше регулаторната како пример во новиот регулаторен пристап и практика на надлежностите кои потрошувачите ги поставија во центарот на вниманието“, додаде Бислимовски.

На крајот од својот говор, Бислимовски пред присутните наздрави со 1/3 полна чаша вода, додавајќи дека 60% питка вода се губи од изворот до чешмата.

„РКЕ стои на располагање во целост да ја преземе ингеренцијата за конечно утврдување на цената на водата затоа што имаме знаење. Ако треба некој да биде виновен за цената, ние сме тука да не обвините, по цена вода да имаме, а не да ја купуваме флаширана за секојдневна употреба затоа што тоа ќе ни се случи како неодговорно се однесуваме!“, заклучи Бислимовски.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги синоќа прoслави 20 години постоење.

Извор: Republika.mk.