Фатмир Битиќи се сврте против партискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче во однос на интерпелацијата на собранискиот спикер, Африм Гаши. Фатмир Битиќи во кратка изјава на албански јазик оваа интерпелација која е поднесена од Левица е шовинистичка и ксенофобична.
Вчера, лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека ќе ја поддржат интерпелацијата од Левица заради, како што рече, многуте преспати кои ги направил во овој период. Од СДСМ рекоа дека мора да поднесе одговорност.
Партијата Левица бара одговорност поради неколку инциденти во изминатиот период. Според најавите, пратениците на СДСМ ќе гласаат „за“, додека коалицијата „Твоја Македонија“ нема да го поддржи отповикувањето.