СДСМ во континуитет е со граѓаните и затоа преку овие засилени теренски активности во наредниот период пред вас граѓаните истапуваме отворено и чесно да говориме за се она што досега го направивме и реализиравме на централно и на локално ниво, но и да чуеме од вас што е најдоброто за вас и вашата општина, истакна потпретсдедателот на СДСМ, Фатмир Битиќи при посетата на Кичево.
– Владата на СДСМ им помогна на општините да ги вратат наследените долгови. Секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51% од пријавените долгови. Општините добија на располагање 3 милијарди денари или 50 милиони евра. Во тек е имплементација на проектот за поврзување на локални патишта, односно изградба и санација на локални патишта и улици во општините, истакна Битиќи.
Тој рече дека завршен е патот Колари – Кичево, привршува изградбата на автопатот Кичево –Охрид како и патната делница Кичево-Македонски Брод. Се реконструираат и регионалниот пат Букојчани-Кичево, како и давата крака на улица Струшка. Во тек е изградбата на гасоводната линија Кичево – Охрид.
-По долги години се градат градинки се реконструирааат училишта. Кичево доби нова градинка со капацитет од 120 дечиња. Реконструирани се и опремени и неколку училишта. Како никогаш досега вложуваме во здравствениот систем, модуларната болница во Кичево и доградбата и надградбата на ЈЗУ Здравствен дом Кичево ќе го унапредат квалитетот на здравствените услуги за кичевчани, истакна Битиќи.
Нашата цел, нашата политика, додаде тој, е во насока на унапредување на кавалитетот на живот на сите граѓани, на секоја општина. Вложувањата во човечкиот капитал се приоритет во програмите на СДСМ, тоа и го покажавме во изминатиот период, затоа довербата во СДСМ постојано расте, затоа СДСМ е најдоброто за секоја општина, затоа СДСМ е победникот на предстојните локални избори.