На денешниот конгрес Зијадин Села го разреши актуелниот лидер Арбен Таравари и повторно стана претседател на Алијанса за Албанците. Од бината тој даде јасна порака дека „секоја друга информација што кружи, различна од нивната е лажна со обид за измама и дефокусирање на членството“.
Разрешениот Села го разреши Таравари: Нов вонреден конгрес, што се случува во Алијанса за Албанците?
Оваа иницијатива на Села доаѓа како одговор на конгресот од Арбен Таравари на кој делегатите кои учествуваа ја потврдија кандидатурата за претседателски кандидат. Претходно пак, токму Таравари преку објава на Фејсбук отворено го покани лидерот на ДУИ, Али Ахмети да ја објави и тој својата кандидатура за претседател.
По одржувањето на Конгресот на Зијадин Села, нема коментар од Арбен Таравари за конгресот од крилото предводено до неговиот сопартиец Села и неговата евентуална смена.
Членството е тоа што назначува и разрешува претседател, рече Села.
Инаку, Конгресот на Села се одржа во Скопје“, а покрај одлуката за претседателска смена во партијата, се зборуваше и за настапот на изборите.