Битката кај Слива – симбол на храброст и саможртва. На ова свето место со длабока почит им оддаваме признание на храбрите илинденци кои во Битката кај Слива го дадоа својот живот за идеалот за слобода, напиша вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.
Нивната непоколеблива решителност, пожртвуваност и љубов кон татковината остануваат врежани во нашата колективна меморија како пример за достоинство, чест и херојство. Слива нè потсетува дека слободата не е подарок, туку вредност што се брани со единство, истрајност и силна верба во иднината. Со поклон пред сенките на паднатите борци, ја чуваме нивната жртва од заборав и ја пренесуваме нивната порака на идните генерации.
Вечна слава на хероите од Слива! Честит Илинден!, напиша Николoски.
