Биткоинот за прв пат во историјата се искачи над 66.000 долари, достигнувајќи рекордно високо ниво. Биткоинот скокна над 100% во 2021 година, додека само во октомври порасна за над 30%.
Оваа година беше полна со позитивни вести за криптовалутите. Институционалните инвеститори и компании се повеќе го поддржуваат биткоинот. Тесла поттикна скок на цената кога објави дека купил биткоин во вредност од 1,5 милијарди долари.
Друга причина за поскапувањето на биткоинот се малите инвеститори кои се плашат да не пропуштат нова можност на дигиталниот пазар и се одлучуваат да купат криптовалути. Покрај тоа, понудата на Биткоин се намалува бидејќи трошоците за ископување на една монета стануваат повисоки, што исто така го поттикнува растот на цената.