ОВЕН (21. III – 19. IV)
Ах, романтика! Денес младата месечина ќе настапи во вашата 8-ма куќа на трајните партнерства, сексот и интимноста. Врските ќе стануваат пострастни и посериозни, па не се изненадувајте ако добиете предлог за брак или ако видите две црвени линии на тестот за бременост.

Овните со статус сингл ќе запознаат некој со потенцијал за долга врска, кој инстантно ќе ги освои. Да, љубов на прв поглед постои, ќе се уверите во тоа

БИК (20. IV – 20. V)
Дали сте подготвени да живеете заедно со партнерот, да ги запознаете неговите родители или да се заколнете на вечна љубов? Денес младата месечина ќе настапи во вашата 7-ма куќа, носејќи ги партнерствата на повисоко ниво. Ви претстои нов почеток со партнерот кој ќе ве трансформира како личности во претстојните месеци.

Соло сте? Ќе ве освои личност која ќе ви биде сродна душа и со која ќе ви се чини дека можете да комуницирате без зборови. Поврзаноста меѓу вас ќе биде очевидна.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Сакате да пробате нов режим на исхрана? Не сте задоволни од цифрата на вагата? Посакувате да ги откажете цигарите? Денес е идеален ден за да го направите првиот чекор кон поздрав начин на живот.

Младата месечина ќе настапи во вашата 6-та куќа на здравјето, фитнесот и организираноста, носејќи ви нови почетоци во неа. Сè што ќе започнете сега, ќе ве направи горди по шест месеци.

РАК (21. VI – 22. VII)
Трагате по нова љубов? Дотерајте се и излезете денес. Настапува млада месечина во вашата 5-та куќа на гламурот, страста и романсата, носејќи ново поглавје во вашиот љубовен живот. Ќе запознаете некој кој ќе ви се допадне или првпат ќе споите усни со сладок додворувач.

Веќе сте во врска? Петтата куќа управува со плодноста, па многу парови ќе се израдуваат на вест за бременост во претстојните денови. Зачестете ги обидите ако планирате бебе.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Нема повеќе одложување и криење на семејните проблеми, време е да ги решите. Денес младата месечина ќе настапи во вашата 4-та куќа на домот и семејството, носејќи хармонија под вашиот покрив, за која ќе бидете заслужни вие. Ќе најдете решение за сè.

Односите со важна женска личност ќе ви се подобрат. Можно е да запознаете моќна жена која ќе ве научи на скапоцени лекции.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Најубавите можности за вас не се преку граница, всушност, тие ве очекуваат веднаш зад аголот. Денес ќе настапи млада месечина во вашиот сектор на локалните случувања, покажувајќи ви дека само дома си е дома.

Новите лица кои ќе влезат во вашиот живот денес ќе ви донесат голема доза забава. Конечно, ќе го живеете животот со полни гради.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Стремете се кон ѕвездите, денес може да ги достигнете! Настапува млада месечина во вашата 2-ра куќа на работата и парите, лансирајќи ве на патување кое ќе ве смести помеѓу успешните во вашата област на работење. Верувајте во себе.

Некои ваги ќе откријат дека се на списокот со унапредени работници или дека им претстои покачување на платата. Среќни вести на професионален план доаѓаат кон вас.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Шармирајте го светот, натерајте го да ја слушне вашата порака и не се откажувајте во вашите желби. Денес настапува млада месечина во вашиот знак, носејќи нов почеток во вашиот живот. Нешто ќе се случи, што ќе ве промени целосно како личност.

Заборавете на критиките, осудувањата и советите од другите луѓе, ова е период кога треба да го следите вашиот внатрешен глас.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Имате потреба од одмор и од завршување на заостанатите обврски кои ви создаваат немир. Денешната млада месечина ќе настапи во вашата 12-та куќа на завршетоците и ослободувањето, носејќи ви го посакуваното „финале“. Конечно ќе можете да издишете со олеснување.

Ова е идеален ден за споделување тајна.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Денес ќе настапи млада месечина во вашата 11-та куќа на друштвените активности, носејќи нови пријатели и соработници во вашиот живот. Во претстојните шест месеци со некои од нив ќе создадете нераскинлива врска – пријателска, деловна или љубовна.

Ако имате сопствен бизнис, време е да започнете да размислувате на поголема онлајн промоција. Технологијата е ваш пријател.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Денес ќе настапи млада месечина во вашиот сектор на кариерата и долгорочното планирање, носејќи ви голем успех во неа. Следете ги вашите амбиции и целете високо. Ќе стигнете на место каде и самите не сте очекувале.

Некои водолии ќе започнат да смислуваат празнични традиции кои ќе ги практикуваат како семејство. Обичаите ќе ви бидат многу важни.

РИБИ (19. II – 20. III)
Која е вашата омилена дестинација? Денес ќе настапи млада месечина во вашата 9-та куќа на авантурите и патувањата, носејќи ви можност да отпатувате далеку од дома. Користете ги шансите, бидејќи денес ги имате, утре може да ги немате.

Во претстојните шест месеци некои риби ќе основаат сопствен бизнис, други ќе го продолжат образованието, а трети ќе заминат на работа во странство.