Цената на биткоинот продолжува да паѓа утрово, па така најпопуларната криптовалута изгуби скоро 6 проценти од својата вредност во изминатите 24 часа. Тоа е значителен пад во споредба со викендот, кога биткоинот во еден момент дури ја надмина границата од 60.000 долари и се приближи до историскиот рекорд од 61.500 долари.

Пазарната капитализација на најстарата криптовалута е сè уште над трилион долари, а вредноста на биткоинот е поголема од двете најголеми мрежи за плаќање со картички во светот, чија вкупна пазарна капитализација е 871 милијарди долари, како и трите најголеми светски банки.

Да потсетиме, од почетокот на 2021 година, биткоинот зајакна за 80 проценти, а во последната година, неговата вредност се зголеми за 570 проценти.

Аналитичарот на Блумберг, Мајк МекГлоун неодамна смело предвиде дека биткоинот ќе се искачи на ниво од 100.000 долари до крајот на месецот. МекГлоун беше еден од ретките аналитичари кои имаа храброст да предвидат дека биткоинот ќе скокне на ниво од 50 000 американски долари.