На 12.01.2023 во СВР Битола е пријавено дека во коритото на реката Драгор во Битола, во близина на дрвеното мовче, паднало машко лице.
Интервенирале полициски службеници и припадници на Територијалната противпожарна единица Битола, при што И.Ј.(31) од Битола, кој претходно паднал во реката, бил извлечен и пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани телесни повреди.