Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за нерегистрирани возила.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за непрописно престројување на возила, четири санкции за возач почетник…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од полицијата.