Обид за убиство во „Новиот пазар“ во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 42-годишен жител на градот. Тој вчера на „Новиот пазар“ се обидел да лиши од живот едно лице. Според соопштението од Обвинителството, против осомничениот се води постапка за кривично дело – убиство во обид.

Како што се наведува, осомничениот му пришол на оштетениот од зад грб и го нападнал со кујнски нож, нанесувајќи му два убоди во пределот на грбот и слабината.

Сведоци го совладале, но тој се дал во бегство

Иако двајца очевидци успеале да го совладаат, осомничениот потоа се дал во бегство. Надлежните органи го привеле во краток рок по инцидентот.

Обвинителството побара притвор за осомничениот, укажувајќи на опасност дека ако биде пуштен на слобода, може да влијае врз сведоците или да го доврши обиденото кривично дело.