Во Берово откриено вознемирувачко кривично дело. Лиценциран извршител за погребални услуги бил пријавен за фрлање и закопување остатоци од починати лица на градежна депонија.

Случајот беше пријавен во ОВР Берово, по што веднаш биле преземени мерки за истрага.

По пријавата било извршено пребарување на местото. Но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, туку остатоци од градежен шут и отпад.

Во текот на понатамошната истрага се открило дека извршителот во повеќе наврати ископувал стари гробови и фрлал останките на друга локација.

По дополнителни мерки, бил извршен увид на гробиштата во село Смојмирово.  Биле пронајдени пет коски кои можеби припаѓаат на човечко тело. Се очекува поднесување на пријава по целосното расчистување на случајот, информираше МВР.

Извор: Курир