Блинкен: Утврдуваме дали Русија незаконски го притвори новинарот Гершкович

Б
Свет 05.04.2023. 18:31

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД работат на утврдување дали Русија незаконски го притворила новинарот на „Волстрит џурнал“, Еван Гершкович.

– Според моето мислење, нема сомнеж дека Русија незаконски го притвори, наведе Блинкен, додавајќи оти во неодамнешниот разговор рускиот колега Сергеј Лавров побарал итно ослободување на Гершкович.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 30 март соопшти дека го уапсила американскиот државјанин Гершкович под обвинение дека собирал информации за руска одбранбена компанија, кои биле државна тајна.

„Волстрит џурнал“ ги негираше наводите дека Гершкович шпионирал, додека обвинението за шпионажа Белата куќа го оцени како смешно, додека претседателот на САД, Џо Бајден побара ослободување на Гершкович.

Гершкович се товари за шпионажа, за што е предвидена затворска казна до 20 години. (МИА)


Подкаст

Подкаст