Според агенцијата, слични изјави се очекуваат и од други земји.
Индија пред неколку дена го одби барањето на американската администрација да ја разгледа можноста за ослободување на дел од стратешките нафтени резерви и нивна продажба со цел да се намалат цените на светскиот пазар.
Администрацијата на Џо Бајден претходно побара од владите во Јужна Кореја, Кина, Индија и Јапонија да размислат за продажба на дел од стратешките резерви, иако законодавството во тие земји не ги таргетира стратешките нафтени резерви за продажба. Вашингтон предложи координирана акција за намалување на цените на енергијата и на тој начин да и помогне на глобалната економија да закрепне.
Заедно со САД, четирите азиски економии ги сочинуваат петте најголеми потрошувачи на нафта во светот.