Тој освои двојно повеќе гласови од својот противкандидат, досегашниот градоначалник Борис Георгиевски од СДСМ.

Според досега објавените резултати од ДИК, на нас 90% обработени избирачки места, Стефковски добил поддршка од 60,09% од гласачите. Во број на гласови, тоа во моментов изнесува 16.598.

Зад него, со далеку помал процент на гласови е кандидатот на СДСМ кој освоил само 29,76% од гласовите на жителите на Гази Баба.

Катерина Јовановска Ивановска од ТМРО освоила 1,89% од гласовите, а Ѓорги Тодоров од ИНТЕГРА 1,86%.