Тој на еден од партиските митинзи, но и во текот на вчерашниот ден тврдеше дека постојат сериозни проценки дека трката во Скопје може да заврши уште во првиот круг.

Но според вчерашните резултати кои ги објавија партииите, ситуацијата на Шилегов не му е сјајна. Иако во Град Скопје со сигурност ќе има втор круг, според актуелната ситуација слободно може да се заклучи дека во метрополата може да има промена на власта.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера по полноќ објави дека партијата води со над 15.000 гласови во главниот град, на досегашните пребројани 75 проценти од гласовите Шилегов не само што не води ни приближно толку, предноста на Данела Арсовска се зголемува.