„Власта нема мнозинство за уставни измени, затоа сега треба да стигнеме до избори. Ајде да видиме како ќе стигнеме до избори“, истакна Ивица Боцевски во утринска емисија на радио „Лидер“.
Боцевски додаде дека на Преспанскиот форум ќе има уште една серија на притисоци околу уставните измени.
„Нашето општество се растури на многу точки, се растури со Шарената револуција, со оние лудите активности на СЈО, не мислам на активностите за гонење на корупција, туку мислам на моментот кога СЈО се претвори во легло на корупција невидена во Македонија. Се растури општеството и со Преспански договор, сее растури со овој договорот со Бугарија, дури и моментот кога на еден луд начин беа донесени одредбите кои што воведуваат двојазичност во Македонија сето тоа го растури ова општество. Односно го раздрма општеството“, заклучи Боцевски.
Тој посочи дека затоа идејата на ВМРО-ДПМНЕ беше “ајде власта направила беља, глупост, ајде ада се средат работите каде што ќе се овозможи да се заштити македонскиот идентитет и да се чекори понатаму“.
„Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е обединување околу европските вредности. Што би било тоа обединување околу европските вредност? Да нема веќе злоупотреба на европското знаменце“, нагласи тој.