Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од Државната комисија за спречување на корупција е казнет со 150 евра затоа што не пријавил за време на неговиот мандат дека во болницата во Штип се вработиле неговата сопруга и нејзината сестра.
Иако штотуку биле дипломирани, Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство експресно се согласиле за нивното вработување во штипската болница.
Сопругата и сестрата на сопругата, по завршувањето на струдиите и стекнување на диплома се вработиле во Приватна здраствена установа во Штип. Недолго после вработувањето, односно два три месеци, истите се преземени врз основа на член 164 став 2 во Клиничка болница Штип во различни оддели..
Антикорупционерите го казниле министерот иако утврдиле дека без да прекрши ниту еден закон успеал за кратко време да ги добие сите дозволи, па дури и да обезбеди позитивно мислење од Министерството за здравство. Сорпугата и нејзината сестра биле примени во државното здравство, еден месец пред владата да донесе заклучок дека медицинскиот персонал може да се преземе од приватното во јавното здравство.
Паричната казна Бочвараски ја платил и тука завршува постапувањето на Антикорупционерите. Сега, Комисијата ќе прави и дополнителна анализа за заклочоци од владината седница да бидат норма во законот за здраствена заштита.