Во изјава за медиумите, Бочварски рече дека најважно е што државата останува на патот на евроинтегрирањето, а се останато е одлука на идниот мандатар.

– Најважно е дека правецот на државата останува, а тоа е интегрирањето во ЕУ. Се останато е прашање на идниот мандатар, кој со својот тим ќе донесе одлука да продолжи да ги движи овие важни процеси напред, рече Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан.