Се подготвуваат сите последни детали во фирмата која е одбрана да го спроведува преку електронски систем, во делот на просторните услови и можностите кои треба да бидат предвидени согласно законот, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Како што посочи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата, во текот на наредните денови ќе бидат повикувани сите транспортни компании со нивните вработени возачи да пристапат кон можноста да полагаат.

-Верувам дека за неколку недели овој проблем ќе биде намален и надминат. Набавката која беше планирана во Генералниот секретаријата на Владата е завршена и е избрана фирма која ќе ги врши испитите не само во делот на транспортот, туку и во делот на другите ресори во кои има таков тип на електронско полагање и во Министерството за правда, но и во останатите министерства. Во Транспорт и врски прашањето беше во делот на полагањето за сертификати на возачите и можам да кажам дека тоа е надминато, рече Бочварски.

Поради доцнењето со формирањето на Државниот испитен центар за сертификација околу 800 транспортери не можат да возат надвор од земјава.