Формула 1 официјално ги потврди имињата на сите 22 возачи кои ќе се натпреваруваат во сезоната 2027, откако тимот на Хас го објави продолжувањето на договорот со британскиот возач Оли Берман, со што беше пополнето и последното слободно место на гридот.

Во сезоната 2027 во најбрзиот циркус на денешницата ќе учествуваат вкупно 11 тимови и 22 возачи. Поголемиот дел од екипите решија да ги задржат своите досегашни комбинации, додека Хас останува единствениот тим кој направи промени во својот возачки состав.

Возачките состави за сезоната 2027 се следните:

– Мерцедес: Кими Антонели и Џорџ Расел
– Ферари: Луис Хамилтон и Шарл Леклер
– Ред Бул: Макс Верстапен и Исак Хаџар
– Мекларен: Ландо Норис и Оскар Пјастри
– Рејсинг Булс: Лиам Лосон и Арвид Линдблад
– Алпин: Пјер Гасли и Франко Колапинто
– Хас: Оли Берман и Рафаел Камара
– Ауди: Нико Хулкенберг и Габриел Бортолето
– Вилијамс: Карлос Саинц и Алекс Албон
– Астон Мартин: Фернандо Алонсо и Ленс Строл
– Кадилак: Серхио Перез и Валтери Ботас