Фудбалерите на Њукасл и Арсенал одиграа нерешено 2:2 во натпревар од 11. коло во англиската Премиер лига. По овој натпревар лидерот на табелата има предност од осум бодови пред второпласираните Брајтон и Манчестер Сити, со тоа што екипата на Брајтон допрва треба да го одигра својот натпревар од тековната рунда.

Гостите стигнаа до предност на стадионот „Ст. Џејмс Парк“ во 33. минута, кога мрежата ја погоди Езе по асистенција на Хаверц. Со минимална предност за Арсенал од 0:1 екипите заминаа на полувреме.

На самиот почеток од вториот дел, фудбалерите на домашниот тим стигнаа до израмнување на 1:1 преку Барнс, додека во 62. минута следуваше целосен пресврт кога Тиа погоди за водство на Њукасл од 2:1 пред домашната публика.

Голманот на Арсенал, Давид Раја, во 70. минута мораше предвреме да го напушти теренот поради повреда на рамото. Избраниците на Микел Артета сепак стигнаа до израмнување и освојување на еден бод со погодокот на Мадуеке во 78. минута за конечен резултат од 2:2.