Утрово се изрече пресудата за сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу кој доби една години и осум месеци затвор, парична казна од 800.000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење меѓународен превоз. Кривично дело за кое се гони правниот субјект е „фалсификување на исправа“.

Сепак, јавноста негодува дека ова е ниска казна за овој правен субјект и дека треба да биде казнета многу повеќе. Дел од коментарите на социјалните мрежи се дека „жртвите ги убивте по вторпат“, а интересен е и коментарот на Боемот кој Беса Транс ја споредува со уставобранителите.

Сѐ што треба да знаете за нашето правосудство:
1,5 години затвор за „убиство” на 45 лица – Беким Хаџиу сопственик на Беса транс
17 години за уставобранителите и влегувањето во Собранието каде патем немаше НИТУ ЕДНА жртва
Двојни стандарди во кој единствен виновник секогаш е само Македонецот.
До кога вака?, пишува тој.