Инстаграм инфлуенсерот Никола Николовски кој пишува под псевдонимот „Боемот“ даде свое мислење околу матурантите, развеаните македонски знамиња и песни, па тој пишува „Матурантите ни одржаа лекција за патриотизам“.
Во продолжение ја пренесуваме оваа статија прикажана низ неговата лична приказна.
ЛИЧНА ПРИКАЗНА: (Полу)Матурантите ни одржаа лекција за патриотизам!
Имав 18 години кога почнав да го водам овој профил „Боемот“. Воедно, таа година бев и матурант, па тогаш беше и матурската вечер кога прославивме, па утрото во училиште.
Во моето средно „Васил Антевски – Дрен“ отидов со македонско знаме, Кутлеш и на прославата лепев бакшиши на музиката исклучиво на македонски песни, нарачував патриотски мелодии и тогаш наидов на коментар „затуцан, close-minded, сељак“. Сите тие коментари ги добивав бидејќи наместо „Иди иди несанице“, „Бела циганка“, „Пукни зоро“, јас одлепував на „Бисер Балкански“, „Излези Ѓурѓо“ и „Налеј, налеј“.
И покрај сите коментари своеглаво нарачував македонско песни, веев македонско знаме. За случката да биде уште појака имаше неколку српски знамиња во училишниот двор, а само едно македонско – моето. И нормално сите ми префрлаа мене дека сум „close-minded“, а никој на останатите со српски знамиња, пошо нели Македонци по дифолт се палат на србоманија.
Помина матурата, останаа видеата и муабетите дека „некој сељак дошол со македонско знаме“. Од денешна перспектива ги разбирам нивните коментари. Тогаш беше во мода да се „шарен револуционер“, а патриотите ги асоцираа на „небањати вмровци“. Кога го почнав профилов целта ми беше да го сменам овој стереотип. Да докажам дека и младите можат и знаат како да го сакаат своето. И успеав(ме). Благодарение на останатите патриотски профили направивме ПАТРИОТИЗМОТ ОДНОВО ДА Е ВО МОДА, докажавме дека си мангуп ако си МАКЕДОНЕЦ, а не либерал кој клима со глава на сѐ што ќе му сервираат.
Затоа во оваа прилика ги поздравувам сите матуранти. Видете ги сликите. Видете колку убаво личи кога дворовите се обоени во црвено и жолто. Но, не само матурантите, туку и полуматурантите, тие златни дечиња кои од најмали нозе се свои на своите. Воедно, сакам да ги поздравам и патриотските профили кои неуморно работат на идеалите.
ЕДНА ИДЕЈА – МАКЕДОНИЈА. Да сте ми живи и здрави МАКЕДОНЧИШТА! ❤️🇲🇰❤️🇲🇰❤️
Боемот 2.0
P.s. Патриотизмот не се покажува со само со музика и веење знамиња… Но, тоа е добар чекор кон градењето на здрава нација. Се надевам дека нема да останеме само на ова и верувам во нашата младина 😊