Крилниот напаѓач на фудбалската репрезентација на Брегот Слонова коска и на калчолигашот Сасуоло, Џереми Бога (24), е на чекор од трансфер во редовите на Аталанта, јавија денеска италијанските медиуми.
Бога пристигна во миланската клиника „Ла Мадонина“ и доколку ги мине лекарските прегледи треба да потпише договор со Аталанта вреден 22 милиони евра, со што би станал најскап игра во историјата на клубот од Бергамо.
Рекордот сега го држи Луис Муриел, кој во 2018 година ја засили Аталанта од редовите на шпанскиот прволигаш Севиља за сума од 21.2 милиони евра.