-Во ноември планирана е реализација на поголем број проекти со кои ќе ја збогатиме културната понуда во нашиот град. Културните случувања во нашиот Центар започнаа со одбележување на роденденот на литературниот клуб „Китка“ што се одржа синоќа. На 17 ноември ќе се одржи концертот „Оперска ноќ“ со Андреј Наунов, во големата сала од Центарот за култура со почеток од 19 часот, истакна директорот на Центарот Мазлам Османи и ја најави изложбата на дела изработени на годинашната Младинска керамичка работилница во село Вранештица.
На ноември, прецизира, ќе биде отворена изложба на дела од „Младинската керамичка работилница за изработување и дизајнирање на керамички производи Кичево-2021“.
-Оваа изложба ќе биде поставена во уметничкиот салон од Центарот за култура, а ќе биде отворена од 18 часот. Покрај учениците од локалните средни училишта, на оваа изложба ќе присуствуваат и ученици и професори од Државното средно училиште за уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје, кои активно беа вклучени во изработка на керамички производи во село Вранештица. Истата вечер во 18:30 часот ќе биде организиран културен настан со наслов „Навезени 100 години“ во чест на Блаже Конески, реализиран во соработка со ОСУ„ Мирко Милески“ Кичево, потсети директорот Османи и посочи дека на овој културен настан ќе биде присутна и министерката за култура Ирена Стефоска.
За крајот на месецов ја најави и премиерната изведба на театарската претстава „Ако останеш дома“ во режија на Михајло Петрески, финансиски подржана од Министерството за култура.
Покрај овие настани, како што кажа, не се исклучува можноста во ноември да има и други културни случувања, за кои дополнително ќе бидат утврдени датумите.