Ексградоначалникот на Општина Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ утрово е гостин на Радио Лидер. Тој вели дека СДСМ можела подобро

СДСМ можеше подобро, но на тоа требаше да се работи претходните 14 месеци, од парламентарите избори до сега. За жал, немаше никакви промени ни во централното, ни во општинските раководство. Напротив. Се задржаа стари политики и стари кадри кои беа резултат на претходно катастрофалниот пораз кој го имавме на парламентарните избори. Сега, сликата се отслика и на локалните избори, вели Богдановиќ за Радио Лидер.

Победата и во тие три општини каде победи СДСМ според Богдановиќ е резултат на работата на актуелните градоначалници.

Освен трите општини кои ги имаме Кривогаштани, Крива Паланка и Богданци каде што реално градоначалниците актуелни си изработиле на терен. Не верувам дека на друго место може подобар резултат во вториот круг. После лошиот резултат во првиот круг атмосферата е апатична и во раководството и во членството, изјави Богдановиќ.

Богдановиќ вели дека раководството на СДСМ ја гледа работата од сопствената фотелја и не излегува на терен.

СДСМ ги повлекува кандидатите надоле. Каја Шукова ја однесоа надоле, заклучува Богдановиќ.