Професорката Даниела Бојаџиева од УКИМ, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, упати забелешка за таканаречениот џентлменски договор кој власта го склучи со компаниите, а со кој се предвидуваше фирмите коишто ќе добијат субвенционирана струја, да ги намалат цените на основните хранителни производи. Договор што не беше испочитуван од производителите.

„Во пазарна економија нема џентлменски договори. Ако донесеме одредена мерка, да ја субвенционираме електричната енергија за производителите, треба да кажеме кои производители, во колкав период ќе трае таа субвенција, кој ќе биде износот, по кој критериум ќе се доделува. Јас немам информации за овие прашања, а нема ни јавноста“, вели проф. Бојаџиева.