Нејзината улога е да нè заштитува од надворешните влијанија, но и од бактерии, вируси, хемиски соединенија, загадување и сл. Таа исто така ја регулира телесната температура, помага во одржување на балансот на течности во телото, служи како сетило, индикатор за болка и сл.
Здравјето на кожата зависи од многу фактори, но за главни се сметаат: генетиката, возраста, хормоните, заболувањата. Ова се фактори врз кои не можеме да имаме влијание. Но, сепак, можеме да влијаеме врз сè друго претходно наведено.
Кожата бара внатрешна и надворешна нега – и ја посочува нашата внатрешна состојба побрзо од кој било друг орган. Медицински лица од Истокот тврдат дека кожата е нашето „трето белодробно крило“ и дека е многу важно да и се овозможи да дише.
Затоа, носете облека изработена од природни материјали и негувајте ја кожата со препарати без хемикалии и средства кои ги затвораат порите. Кожата бара внатрешна и надворешна нега и многу брзо реагира на третманот и укажува на тоа дали е добар или лош.
Исто така, бојата на кожата зборува за нашето здравје
Нормалната здрава кожа е чиста, мазна, малку сјајна и малку влажна. Доколку е поинаку од ова, тоа може да значи дека станува збор за некаква болест или нерамнотежа во организмот, што исто така, би значело дека некоја функција на органски ситем не функционира како што треба. Убавата кожа е резултат на урамнотежена исхрана и оптимални количини на вода во телото.
Црвенкастата боја на кожата укажува на вишок масна и силна храна богата со шеќери, зачини, стимуланси и алкохол. Црвената кожа укажува на присуство на проширени капилари и постои можност за заболување на белите дробови, респираторни заболувања или емоционална нестабилност.
Жолтеникавата боја на кожата може да значи дека јадете поголеми количини на некои одредени намирници, односно дека се внесуваат прекумерни количини на јајца, месо и моркови во организмот. Може да значи и проблеми со жолчката, црниот дроб и бубрезите.
Виолетова кожа се формира кога се консумираат премногу сокови, слатки, лекови и храна со многу адитиви. Може да се појават проблеми со цревата, варењето и хормоните, а емоциите на страв и очај се доста чести.
Белата кожа го рефлектира вишокот внес на животинска храна богата со маснотии и сол. Тоа укажува на стеснување на крвните садови и капиларите, како и болести на црниот дроб, слезината и лимфата.
Сината кожа е резултат на внесување на вишок сол, шеќер, алкохол и разни видови стимуланси. Сината кожа е честа појава кај луѓето кои консумираат големи количини алкохол. Исто така, укажува на ослабен црн дроб, слезината и панкреасот. Емоциите на напнатост и лутина се вообичаени.
Кафеавата кожа укажува на цревни и дигестивни проблеми, болести на бубрезите и екскреторниот систем. Може да се појави и кај луѓе кои кон сумираат премногу протеини, маснотии, овошје и шеќер. Луѓето можат да бидат недоверливи, повлечени и срамежливи.
Зелената кожа рефлектира прекумерно внесување на хемикалии и лекови. Исто така може да биде знак за развој на цисти и малигни заболувања. Емоционалната несигурност е честа кај луѓето со зеленикава боја на кожата.