Судењето е во доказна постапка, односно пред судот докази изведуваат обвинетите во овој случај. Но, на денешното судење наместо докази, обвинетиот Бојан Јовановски повторно побара изземање на обвинителката Вилма Русковска. Кон барањето се приклучи и поранешната потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски.
Барањето за изземање на Русковска следи откако судот на Бојан Јовановски му дозволи да ги добие како докази, податоците од неговиот мобилен телефон, нешто кое тој го бараше и во претходниот предмет каде беше осуден случајот „Рекет“.
Јовановски во барањето за изземање на Русковска наведе дека таа била пристрасна, бидејќи како што рече од податоците кои ги добил од својот мобилен телефон, поседувал комуникација преку разни мобилни апликации според кои обвинителката Русковска постапувала пристрасно во дел од предметите. Тој го наведе случајот „27 април“. Рече дека во пораките кои ги разгледувал со Вилма Русковска имало и пораки за поранешната СЈО, Катица Јанева за која обвинителката Русковска употребувала навредливи зборови.
Бојан Јовановски рече дека во пораките во неговиот мобилен телефон за комуникацијата со Вилма Русковска истакна дека обвинителката му доверувала информации, за тоа кои функционери ќе бидат апсени, како и комуникација за случајот „27 април“
Ременски пак, рече дека ова се нови околности и дека неопходно е да се побара изземање на Русковска.