Има околу 550 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 42 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 596 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 932 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало тројца примени пациенти, а 12 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не билe примени нови болни, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени четири пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 79 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 245 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има седум деца позитивни на Ковид-19 и четири мајки, а на ГАК има две позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 41 болен.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 219 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 76 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 87 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 92 пациенти, во Прилеп 98, во ковид – центарот во Гостивар 31, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 34, во Кичево 37, Кавадарци 57, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.