Според Би Би Си, болниците во Кабул се под голем притисок поради намалениот број на персонал откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан.

Хируршкиот центар во Кабул, управуван од меѓународната хуманитарна организација „Имрџанси“, соопшти дека примил 60 повредени за помалку од два часа, а кај 16 од нив била констатирана смрт веднаш при пристигнувањето.

Претседателката на „Имрџанси“, Росела Микио, која не се наоѓа во Авганистан, изјави дека персоналот кој ги завршил своите смени продолжил прекувремено да работи за да им помогне на повредените.

Три операциони сали во болницата работеа цела ноќ. Последниот пациент беше опериран во четири часот утрово, истакна Микио за Би Би Си.

Таа додаде дека некои пациенти останале на одделенија за интензивна нега, нагласувајќи дека „ситуацијата е се уште многу критична“