Двете компании не ги открија деталите од купопродажниот договор, но Њујорк тајмс објави дека можно е Аксел Спрингер да плати една милијарда долари за Политико.

Договорот предвидува германската компанија да ги купи и преостанатите половина акции во заедничката компанија Политико Европа.

Политико е формиран од поранешни новинари на Вашингтон пост пред американските претседателски избори во 2008 година. Аксел Спрингер поседува низа медиумски куќи, вклучително и Билд, Велт и Инсајдер, а компанијата е присутна во повеќе од 40 држави.