Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел, денеска присуствуваше на заедничкиот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

– ЕУ и НАТО стојат заедно во одбрана на европската безбедност. Ако некој се обидуваше да не подели, го постигна спротивното: силно европско и трансатлантско единство, напиша Борел на Твитер после состанокот.

Тој му заблагодари на Столтенберг за „добрата дискусија со министрите за одбрана на НАТО“.

Прес – конференцијата на Столтенберг после состанокот на министрите за одбрана е закажана за околу 13 часот по македонско време.