-Затоа што, ако не го сториме тоа, ќе има негативни последици врз кредибилитетот на ЕУ во целиот регион, изјави Борел во својот воведен говор по денешниот министерски состанок за надворешни работи на ЕУ.
Инаку, Борел денеска се сретна и со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, а на прес-конференцијата повтори дека почеток на преговорите со Скопје и Тирана се клучни за кредибилитетот на ЕУ.
Министрите исто така разговарале како да ги вклучат земјите од регионот во министерските состаноци на ЕУ за надворешна политика, со цел тие одблиску да бидат запознаени со надворешната политика на ЕУ за да ја усвојат.
Денеска и еврокомесарот за проширувње Оливер Вархеји порача дека ЕУ мора да продолжи со политиката на проширување кон Западен Балкан, оценувајќи дека тоа е „најсилниот инструмент на ЕУ.“
-Другиот инструмент кој го имаме е Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, кој мора да се спроведе што е можно поскоро, рече Вархеји.
Вархеји најави дека по изборите во Софија и во Скопје ќе се направат сите напори за решавање на отворените прашања и формално започнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија „до крајот на оваа година“.