Тој предупреди дека „со сегашното темпо, целиот свет нема да се вакцинира пред 2023 година“.
Зборувајќи пред колегите на самитот Г7, тој посочи за ризикот од нови варијанти што ја поткопуваат ефикасноста на достапните вакцини и можноста коронавирусот „да стане хроничен со ослабување на економското закрепнување“.
Борел обрна внимание и на други дискусии, вклучително и на целокупната цел на групата „да се изгради глобална мултилатерална рамка по ковид-19, заснована на демократски вредности и основни права“.
Тој додаде дека Г-7 не сака „свет трајно поделен на ривалски блокови“.
– Потребна е глобална заедница за решавање на глобалните проблеми, како што е пандемијата ковид-19 (и други потенцијални идни пандемии), климатски промени, губење на биолошката разновидност или нуклеарно ширење.