Имаме повторно можност да се спасиме од политичко уставна криза доколку изборните циклуси претседателски и парламентарни се заедно. Досега од изминатите изборни циклуси можеме да заклучиме дека Албанците не се искрено многу заинтересирани особено во вториот круг да излезат и да го дадат својот глас. Генерално немаат толку поттик како што излегуваат за локални или парламентарни избори“, изјави аналитичарот Владимир Божиновски во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Тој истакна дека постои ситуација каде најверојатно има шанса уште во првиот круг да води кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ со оглед на анкетите.
„Во тој период ние имаме технички премиер. СДСМ на ДУИ им вети дека од ДУИ ќе имаат технички премиер, имаат претседател на Собрание и ако не е успешен вториот круг од претседателски избори тогаш ќе имаат и В.Д претседател на државата, односно трите најмоќни функции во државата“, рече Божиновски.
Тој посочи дека за жал има веројатност дека претседателските избори да се неуспешни и да има уставна криза.
Тој додаде дека тезата на СДСМ е дека они ќе имаат многу голем коалициски капацитет, а ВМРО-ДПМНЕ не.
„За претседателски избори според сите релевантни истражувања во моментов вкупната поддршка на СДСМ коалиција, ДУИ и Алијанса за Албанците е помала од таа на ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Божиновски.