Семејството Абе имаше вечер за паметење во легендарната сала за боречки вештини „Нипон Будокан“ во Токио, откако Ута Абе освои злато неколку часа по нејзиниот брат Хифуми.

Дваесет и едногодишната Ута славеше во категоријата до 52 килограми, совладувајќи ја Французинката Аманден Бушар во финалето, додека две години повозрасниот Хифуми стана олимписки првак во категоријата до 66 килограми. Во борбата за злато, тој го победи Грузиецот Важа Маргвелашвили.

– Немаше да стигнам олку далеку без брат ми. Мислам дека без него немаше ни да почнам да тренирам џудо, рече Ута Абе.