Во презентацијата што следеше по говорот на бразилскиот министер за животна средина Хоаким Леита се наведува дека планот е да се намали нелегалната дефорестација за 15 отсто до 2022 година секоја година до 2024 година, потоа за 40 отсто во текот на 2025 и 2026 година, за 50 отсто во 2027 година, за да целосно да се искорени во 2028 година, јави Си-Ен-Ен.

Планот предвидува и цел за обновување и пошумување на 18 милиони хектари шума за различни намени до 2030 година. Кога станува збор за енергијата, се предвидува зголемување на употребата на биогорива, како што се етанол и обновливи извори на енергија, како и намалување на емисијата на штетни гасови.

Се планира и интензивирање и подобрување на производството на хибридни и електрични возила, имплементација на посебни програми за намалување на штетните гасови во земјоделскиот сектор, инвестиции во нова железничка мрежа и намалување на патниот сообраќај.