Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, моментно ја одработува рехабилитацијата во Бразил. Тој со дозвола на клубот доби можност закрепнувањето да го продолжи надвор од Минхен.
Четириесетгодишниот чувар на мрежата се повреди на 7 ноември, на натпреварот против Мајнц, кога заработи делумно кинење на тетива во десното стапало. Поради повредата мораше да го напушти теренот пред крајот на првото полувреме, а од Баерн потврдија дека извесен период нема да биде на располагање.
Одлуката за продолжување на рехабилитацијата во Бразил била донесена во договор со спортското раководство и медицинскиот тим на Баерн Минхен. Клубот му одобрил една недела да закрепнува на друга локација, а се очекува Нојер да се врати во Германија на 25 ноември.
