РСС очекува следната деценија регионот да „изгуби“ околу еден милион млади луѓе, што претставува ризик за достапноста на работната сила и се заканува да изврши дополнителен притисок врз пензиските и здравствените системи во регион.

– Вкупниот број на работоспособно население во Западен Балкан е намален за повеќе од 400.000 луѓе во изминатите пет години. Иако миграциските текови се зголемуваат во светот, нашиот регион е водечки во зголемувањето и интензитетот на емиграцијата на квалификувани млади луѓе, со проценти дека во наредните децении ќе изгуби меѓу четвртина и половина квалификувани и образовани млади граѓани, посочи Брегу.

Таа додаде дека високите стапки на невработеност и сиромаштија поттикнуваат иселување на квалификувани млади луѓе, а Европска Унија е атрактивна поради географската близина, но и поради фактот што некои земји-членки го поттикнуваат доаѓањето на имигрантите од Западен Балкан.

Според Брегу, Западен Балкан не смее да продолжи да произведува бесплатна работна сила за другите и дека треба брзо да дејствува за да создаде средина во која младите ќе сакаат да останат.

РЦЦ наведува дека резултатите од овогодишното истражувањето на Балканскиот барометар покажуваат дека младите сметаат дека владата треба да посвети поголемо внимание на можностите за вработување (47 отсто од испитаниците), образованието (38) и безбедноста (26 проценти).

Резултатите од анкетата покажуваат дека 70,6 отсто од испитаниците на возраст од 18 до 25 години размислуваат да живеат и работат во странство.